Доњецките сепаратисти почнале со повлекување тешка артилерија

Од:

Борци на самопрогласената Доњецка народна република во Источна Украина почнаа да ја повлекуваат тешката артилерија од линијата на разграничување со украинската војска, изјави воениот портпарол на сепаратистите во Доњецк Едуард Басурин.

– Пет артилериски орудија со калибар од 152 милиметри се повлекуваат од реонот на Еленовка во местата на постојано распоредување, рече тој.

Претходно, Басурин изјави дека сепаратистичкта команда има намера по сопствена иницијатива да почне повлекување на артилеријата од мирните делови од линијата на разграничување.

Повлекувањето на тешкото вооружување од линијата на поделба меѓу војската на Киев и на сепаратистите, е дел од договорите постигнати во Минск на 12 февруари.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17