Погрешно сме ја сфатиле природата на Исламската држава – Одговорот лежи во овие 5 насоки

Од:

Атлантик – Вашингтон

Како настана и кои се намерите на Исламската држава? Едноставноста на одговорот може да измами, а неколку експерти за исламот и настаните на подрачјето на ИС се чини ги знаат одговорите, наведува  The Atlantic.

Исламската држава минатиот јуни зазеде еден од најголемите и меѓу стратешки најважните ирачки градови Мосул. ИС сега владее со регион поголем од Велика Британија. Од мај 2010 година лидер им е Абу Бакр ал-Багдади, потсетува The Atlantic.

Грахам Вуд новинар на The Atlantic, во напис тврди дека Исламската држава, позната и како ИСИС, следи варијанта на исламот чии верувања за пат до судниот ден се важни за неговата стратегија, па можат да помогнат на Западот да го запознаат својот непријател и да го предвидат неговото однесување.

Погрешно сме ја сватиле природата на Исламската држава во последните две години, пишува Вуд. Го гледаме џихадизмот како монолитен и ја применуваме логиката на Ал-Каеда на организација која одлучно ја засени. А одговорите лежат во овие пет насоки кои ги разјасни:

1. Лојалност

Во декември припадниците на Исламската држава објавија видео во кое велат дека нивните корени се во она што го промовирал бин Ладен.

Експертот Хејкел со либанско потекло кој пораснал во САД и со кој Вуд разговарал за оваа тематика, смета дека рангирањето на Исламската држава длабоко е вкоренето во религиозната сила. – Она што е специфично за водачите на Исламската држава не е само буквално сваќање, туку и сериозноста со која ги читаат текстовите на Куранот. Тука има силна, опсесивна сериозност, која муслиманите обично ја немаат – тврди Хејкел.

Пред нив, ниту една група во последните неколку векови не се обидела да оствари порадикална лојалност кон Пророкот.

2. Teриторија

Се смета дека во Исламската држава имигрирале дестици илјади странски муслимани. Петер Р. Њуман, професот на Колеџот Кингс во Лондон вели дека круцијални во ширењето на пропагандата биле онлајн гласовите.

Еден од австралиските муслимани, осомничен за посредување и префрлување на заинтересираните во Исламската држава, рекол за новинарот дека чувствувал голема среќа кога Багдад прогласи калифат на 29 јули и магнетската привлечност која тамошното подрачје почнало да ја зрачи кон него. – Кога ја слушнав веста, бев во хотелска соба и бев воодушевен. Помислив: Зошто јас се наоѓам во оваа проклета соба? – рекол тој. Калифатот, вели тој, не е само политички ентитет, туку и спас.

3. Aпокалипса

Сите муслимани признаваат дека Бог е единствен кој ја знае иднината. Но, се согласуваат и дека им дал да погледнат во неа преку Куранот и преку се што изрекол Пророкот. Исламската држава се разликува од сите други џихадистички движења според тоа што верува дека таа сама е запишана во Божјото сценарио како централен лик.

За вистинските верници тие кои посакуваат епска битка меѓу доброто и злото, визиите на апокалиптично крвопролевање ја исполнуваат длабоката психолошка потреба.

Муса Карантонио, кој ја проучувал апокалипсата во која треба да престане да постои Исламската држава, вели дека на крај би останале само 12 легитимни калифи, а Багдад е осми. Војската на Рим ќе ги сретне во северна Сирија, а финалната битка ќе се одигра во Ерусалим. Во победата на калифите треба да им помогне Исус кој ќе се спушти на земјата.

4. Борба

Исламската држава има обврска да ги тероризира непријателите. Тоа е света наредба за да се исплаши непријателот. Стравот кој во непријателот го втеруваат со сечење на глави, распнување и поробување на жени и деца, доведува до победа со избегнување на продолжен конфликт.

Припадниците на Исламската држава ретко прифаќаат договор за мир и тоа на многу ограничен период. Не прифаќаат постоење на граници, а џихадот мора да се спроведува барем еднаш годишно.

Калифатот не може да прифати подземни движења, бидејќи мора да владее со некои територии. Абу Бараа, кој го одржува ЈуТјуб каналот за исламското право, вели дека калифот Багдади не може да преговара или да дозволи граници, па постојано мора да војува или ќе се оддалечи од исламот.

5. Oдвраќање

Немуслиманите не можат на муслиманите да им зборуваат дека исправно ја практикуваат својата религија, но тие можат. Идеолошките алати можат да ги уверат потенцијалните дека пораката на групата е погрешна, а воените алати можат да ги ограничат нивните хорор активности. Војната може да биде долга, дури и ако не трае до крајот на времето. 

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска