ИСИС се шири, убива на 300 километри од Европа?

Од:

Екстремисти на ИСИС кои на брегот на либискиот град Сирта, масакрираа 21 египетски Копти, испратија јасна порака до светот, дека се шират и се поголема територија ставаат под своја контрола, а сега се наоѓаат на само 300 километри од Европа, предупредуваат експертите.

Инаку иако се знаеше дека освен во Сирија и Ирак, а од октомври и во Либија, тие дејствуваат и во други области, не можеше со сигурност да се каже колку навистина се моќни.

Откако се покажа дека тие се способни за најмонструозни дела, египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси побара усвојување на резолуција на ОН, која би им дозволила на меѓународните сили да интервенираат во Либија.

-Нема да дозволиме да им ги сечат главите на нашите деца-порача лидерот на државата за која американските разузнавачки служби неодамна предупредија дека најверојатно станала место каде што се наоѓаат кампови за обука на борци на ИСИС.

За потсетување, Ел Сиси по масакрот на Коптите нареди бомбардирање на позициите на ИСИС во Либија, а неговиот став го подржаа Франција и Италија, додека Министерството за надворешни работи на БиХ вчера соопшти дека нивната држава ќе се бори против сите облици на екстремизам.

-Секојдневните случувања во светот кои сведочат за обиди со вера да се оправдаат злосторствата, бараат одлучен и едногласен одговор на цивилизираниот свет- велат од БиХ.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска