Екстремисти на групата Исламска држава (ИД) им ги отсекле рацете на три жени како казна за обвинувања кои не се познати, а јавно искамшикувале петмина мажи поради користење мобилни телефони.
Во ирачкиот град Мосул, кој е упориште на ИД, екстремистите забраниле користење на приватни мобилни телефони поради страв дека населението би можело да ја информира коалицијата, предводена од САД, за позициите на џихадистичката група, пишува лондонскиот весник „Индипендент“.
Непознат извор на весникот „Ираки њуз“ изјавил дека на три жени им биле отсечени рацете како казна за обвинувања против нив, кои не се познати.
– Тие исто така искамшикуваа и петмина мажи поради користење на мобилни телефони. Жртвите сакале да се слушнат со своите семејства, а се јавиле од една прослава во централниот дел на Мосул, наведува изворот.
ИД, која минатата година го презеде под контрола градот Мосул, наводно објавила декрет во кој се заканила со 30 удари со камшик за секој што ќе биде фатен да користи мобилен телефон.