ЕУ побара итно повлекување на тешкото вооружување во Украина

Од:

Европската унија денеска побара итно повлекување на тешкото оружје од првата борбена линија во источниот дел на Украина, изразувајќи загриженост поради ескалацијата на судирите во градот Дебаљцево.

– Уште еднаш укажуваме на потребата сите страни во судирите строго да се придржуваат до одредбите на минатонеделниот потпишан договор во Минск и веднаш да ги спроведат, изјави портпаролот на Европсјката комисија Кетрин Реј.

Според неа, украинските и проруските сили мораат да ги прекинат сите воени активности и уште денес да почнат со повлекување на тешкото оружје.

– Загрижени сме поради продолжувањето на судирите во и околу Дебаљцев, нагласи Реј, откако западни медиуми објавија дека во овој град во источниот дел на Украина денеска првпат избиле улични борби.

Официјален Брисел, исто така, изрази загриженост и поради тоа што на набљудувачите на ОБСЕ им е забрането да влезат во Дебаљцево, со што е загрозена нивната работа.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17