Сепаратистите од Луганск почнаа со повлекување на тешкото вооружување, изјави нивниот лидер

Од:

Лидерот на самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР) Игор Плотницки изјави, дека неговите сили го почитуваат договорот за повлекување на тешкото вооружување од борбената линија во Источна Украина, јави ТАСС.

– Синоќа бев на борбената линија и нашите тенкови и артилерија се повлекуваат. Започнавме да ги исполнуваме нашите обврски уште синоќа, изјави Плотницки, нагласувајќи дека очекува и украинските сили да го направат истото.

Ако властите во Киев не го исполнат договорот од Минск, одговорноста за тоа ќе е на претседателот Петро Порошенко, изјави Плотницки.

– Порошенко и останатите претседатели го гарантираа исполнувањето на договорот од Минск. Затоа, во случај тоа да не биде исполнето, одговорноста за тоа нема да биде на Луганската Народна Република, ниту на Доњецката Народна Република, туку на Украина, особено на Порошенко, нагласи лидерот на сепаратистите во ЛНР.

Властите на ЛНР се подготвени да извршат размена на заробеници со властите во Киев по формата „сите за сите“ во согласност со договорот од Минск, изјави Плотницки, додавајќи дека сепаратистите од ЛНР ги држат заробениците во цивилизирани услови.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17