Киев: Проруските сепаратисти не контролираат ништо во Дебалцево

Од:

Украинските војници објавија дека проруските сепаратисти не контролираат ништо во стратешкиот град Дебалцево, пренесува БТА.

– Сепаратистите не контролираат ништо таму. Тие се обидуваат да преземат контрола над железничката станица. Се водат повеќе борби, како и битка за контрола на предградија во градот, изјави украинскиот воен портпарол Андриј Лисенко.

Претходно денеска сепаратистички претставник објави дека бунтовниците контролираат голем дел од градот. Потоа министерството за одбрана на самопрогласената Доњецка Народна Република соопшти дека сепаратистите ја контролираат само станицата и источниот дел од градот, но не и голем дел од Дебалцево, како што претходно тврдеше друг претставник на сепаратистите, јави ТАСС.

Министерството за транспорт на ДНР денеска испрати во Дебалцево автобуси за евакуација на цивилното население, јави ТАСС. Наредба за евакуација е издадена од лидерот на ДНР Александар Захарченко.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17