Украинската армија и сепаратистите се уште не почнаа со повлекување на тешкото оружје

Од:

Украинската армија и проруските сепаратисти не успеаја да почнат со повлекување на тешкото вооружување од линијата на фронтот во Источна Украина пред дадениот краен рок.

Согласно минатонеделниот Договор за прекин на огнот, што беше постигнат од лидерите на Украина, на Русија, на Германија и на Франција, завојуваните страни треба да почнат да го повлекуваат тешкото вооружување од линијата на фронтот.

И двете страни вчера соопштија дека ќе почнат со повлекувањето на тешкото вооружување кога другата страна тоа ќе го направи.

Портпаролот на украинската армија Анатолиј Стелмах утрово изјави дека сепаратистите продолжиле да ги напаѓаат позициите на армијата во текот на ноќта и оти повлекувањето зависи од целосно почитување на Договорот за прекин на огнот.

Лидерот на сепаратистите Андреј Пургин наведе дека тие планираат да го разгледаат евентуалното повлекување на тешкото вооружување во текот на денот со претставници на Украина, на Русија и на Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17