Сомнителен пакет е откриен до културниот центар Крудтонден во Копенхаген, каде во саботата маж отвори оган врз учесниците во дискусијата за слободата на изразување и богохулењето, при што еден човек загина.
Зоната е евакуирана, а на местото се испратени деминири.
Напаѓачот врз Културниот центар потоа пукаше и пред синагога, а беше ликвидиран од полицијата.
Вкупно две лица загинаа, а петмина се повредени во нападите во Копенхаген, за време на викендот.