Либискиот премиер побара меѓународна воена интервенција врз исламистите во Триполи

Од:

Либискиот премиер Абдулах ал Тани побара од Западот да почне со воздушни напади врз исламистичките екстремисти, кои го контролираат Триполи и ја принудиле Владата да го напушти главниот град.

Во изјавата дадена само неколку часа откако Египет бомбардира цели на групата Исламска држава (ИД) во Либија како одговор на обезглавувањето на 21 египетски христијани, премиерот Ал Тани побара помош од западните земји за воена интервенција во неговата земја, која се подлабоко тоне во хаос.

– Имаме апсолутно потврдена информација дека Ал Каеда и ИД се наоѓаат во Триполи и во близина на Бен Џавад, истакна Ал Тани, мислејќи на град во централниот дел на Либија кој е преземен од милиции, кои ја поддржуваат алтернативната либиска власт која не е призната од меѓународната заедница.

Тој предупреди дека заканата од овие терористички групи може да стигне до европските земји, посебно до Италија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски