Селезњов: Украина нема да го повлече тешкото вооружување

Од:

Украинската армија денеска нема да почне да го повлекува тешкото оружје од линијата на фронтот во Источна Украина бидејќи проруските сепаратисти продолжуваат да напредуваат, изјави украинскиот воен портпарол Владислав Селезњов.

– Како да го повлечеме оружјето кога бунтовниците се обидуваат да напаѓаат со тенкови и постојано пукаат врз нас, истакна Селезњов.

По стапувањето во сила на примирјето, договорено на 12 февруари во Минск, во Источна Украина загинаа најмалку пет украински војници.

Борбите продолжуваат и во близина на стратешкиот град Дебалцево, каде се распоредени илјадници украински војници и се во иопасност да бидат опколени.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17