Времето во Македонија денеска ќе биде претежно сончево со локална облачност, посвежо и ветровито. Попладне ќе биде нестабилно со можност за повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува засилен северозападен, а во западните предели и засилен западен ветар.
Утринските температури ќе се движат од 6 до 15 степени, а максималните дневни ќе достигнат до 30 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде умерено облачно и нестабилно со можност за локален дожд попладне.
Максималната дневна температура ќе достигне до 28 степени.