Данската полиција обвини две лица за соучество во нападите во Копенхаген

Од:

Данската полиција обвини двајца мажи, дека биле соучесници на мажот, обвинет за убиство на две лица во напади во синагога и на манифестација за поддршка на слободата на говор во Копенхаген за време на викендот.

Двајцата осомничени се уапсени вчера.

– Двајца мажи се обвинети за соучество, преку совети и активности, на извршителот на нападите во Крудтонден и Кристалгаде, се наведува во соопштението на полицијата.

Полицијата во Данска претходно објави дека напаѓачот, убиен во полициска акција по двата смртоносни напади во Копенхаген, можеби бил инспириран од минатомесечните терористички напади во Париз.

Мажот осомничен за убиство на две лица во Копенхаген вчера е идентификуван од данските медиуми како Омар Ел Хусеин. Данскиот таблоид „Екстра Бладет“ објави дека 22-годишниот Ел Хусеин бил пуштен од затвор пред две недели по отслужување на казна затвор за тежок физички напад.

Би можело да ве интересира

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

Данска: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Пијаниот маж кој ја нападна данска премиерка заврши во притвор

Во нападот данската премиерка здоби полесна повреда на вратот

Физички нападната данската премиерка

Предраг Петровиќ