Ципрас оптимист за средбата со министрите од еврозоната

Од:

Грчкиот премиер Алексис Ципрас изјави дека е убеден во напредокот во новите разговори со министрите од еврозоната, што денеска треба да се одржи во Брисел.

– Не ни се потребени пари. Потребно е време да ги реализираме нашите реформски планови. Ветувам дека Грција ќе биде поинаква земја за шест месеци, изјави Ципрас за германскиот магазин „Стерн“.

Тој посочи дека очекува „тешки разговори“ на состанокот со министрите за финасии на земјите-членки на Европската унија, но оти е убеден во напредок, бидејќи силата ја црпи од поддршката од грчкиот народ.

– Барам решение во кое сите страни ќе добијат. Сакам да ја спасам Грција од трагедија и Европа од поделба, наведе Ципрас, додавајќи дека му е потребна поддршка од Германија и канцеларката Ангела Меркел.

По минатонеделниот седумчасовен состанок во Брисел на Грција со министрите за финансии на еврозоната не беше усогласена ниту заедничка изјава за идните чекори.

Би можело да ве интересира

Герапетритис: Се надевам дека нема да има промена во надворешната политика на Северна Македонија

А1он

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос