Лисенко: Ситуацијата во Донбас се стреми кон стабилизација

Од:

Општата ситуација на териториите на Доњецк и Луганск има тенденции да се стабилизира, изјави денеска претставник на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина Андреј Лисенко.

– Од полноќ кога е објавено примирјето, воените активности се во опаѓање, рече Лисенко.

– Украинската војска го почитува режимот на примирје, но во случај тоа да биде прекршено, војската ќе реагира соодветно, додаде Лисенко.

Претходно денеска, претставник на Министерството за одбрана на самопрогласената Доњецка народна република ДНР Едуард Басурин изјави за ТАСС дека ситуацијата во таа република е мирна и оти примирјето се почитува.

– Нема причина за обнова на големите воени акции во зоната на операции на украинската војска, рече портпаролот на Генералштабот на украинската војска Владислав Селезњев.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17