(ВИДЕО) Студенстскиот пленум ќе ги окупира факултетите на Битолскиот универзитет

Од:

Студенстска окупација ќе има и на факултетите на Битолскиот универзитет. Одлуката е донесена на последната средба на студентскиот пленум на која присутните едногласно одлучија да им се приклучат на нивните колеги од Скопје, пренесе телевизијата Орбис.

Окупацијата доаѓа како крајно решение на студентите откако, како што велат тие, власта е глува за нивните барања и ги игнорира нивните протести.

Точниот датум за окупација сеуште не е утврден, а деновиве студентите ќе одлучат кој факултет ќе биде прогласен за слободна, автономна зона. Во меѓувреме, пленумците ќе формираат работни групи кои ќе учествуваат во реализацијата на окупирањето на факултетите.

„Деталите допрва ќе бидат утврдени и ќе бидат познати за секој што сака да учествува во окупацијата на факултетите. Во секој случај ќе има дисциплина и ред за успешна реализација. Воглавно, работните групи ќе бидат задолжени да ги обезбедат сите потребни средства кои ќе се потребни за успешна окупација на факултетите“ – изјави Борис Николевски, член на Студентски пленум.

Би можело да ве интересира

Студентски пленум се огради од Туфегџиќ, таа вели дека е на листа како граѓански активист

Емир Латифовиќ

Студентски пленум објави повик за предлог модели за студентско организирање

Емир Латифовиќ

Погледнете го видеото „брУКИМ“ од Студентскиот пленум

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Автономија на УКИМ: Студентите влегоа на факултети

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Студентскиот протест се движи кон УКИМ

Емир Латифовиќ

Власта со специјалци ќе ги растерува студентите од пред СПУКМ

Предраг Петровиќ