Девет голови беа постигнати на дерби натпреварот од 21. коло во Бундес лигата, и тоа во Леверкузен каде второ пласираниот Волфсбург го победи Баер со 5:4.
Лидерот и актуелен шампион Баерн Минхен беше немилосрден против Хамбургер и ги испрати гостите со осум гола во нивната мрежа (8-0).
На преостанатите три средби победи славеа домашните екипи:
Вердер– Аугсбург 3 : 2
Хофенхајм – Штутгарт 2 : 1
Борусија Менхенгладбах – Келн 1 : 0
Денешната програма ќе ја заокружат Ајнтрахт и Шалке со средбата од 18.30 часот.
За утре закажани се натпреварите: Херта – Фрајбург и Хановер – Падерборн
Табела:
Баерн Минхен 52
Волфсбург 44
Борусија Менхенгладбах 36
Шалке 34 (-1)
Аугсбург 34
Баер Леверкузен 32