Сепаратистите во Луганск започнаа со повлекување на тешкото оружје

Од:

Проруските сепаратисти од реонот на украинскиот град Луганск соопштија дека започнале со повлекување на тешкото оружје од линијата на фронтот, јави ТАСС.

– Го повлекуваме тешкото оружје, но нашите борци остануваат на позициите, изјави Алексеј Карјакин, кој според руската агенција, е „претседател на Народниот совет на Луганската Народна Република“.

Тој нагалси дека т.н. „Народниот совет на Луганската Народна Република“ го одбил пакетот мерки за спроведување на Мировниот договор од Минск, што беше склучен ноќта меѓу 11 и 12 февруари.

Меѓу потписниците на Договорот беа и лидерите на сепаратистите од Луганск и Доњецк, Игор Плотницки и АЛександар Захарченко.

Со Мировниот договор од Минск се предвидува прекин на огнот меѓу сепаратистите и украинските сили, што треба да стапи во сила вечерва на полноќ по украинско време (во 23 часот по средноевропско време). Покрај примирје, Договорот предвидува и повлекување на тешкото оружје од линијата на фронтот и серија мерки за долгорочно решавање на кризата во Украина.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17