Џихадисти дел од групата Исламска држава, презедоа контрола над локално радио во либискиот град Сирт и објавија дека таму ќе им биде Генералниот штаб, соопштија џихадистички веб страници и очевидци.
Снимки објавени на џихадистички веб страници, покажуваат вооружени мажи, кои застанале пред микрофони на радиото со автомати во раце. Локален жител изјави дека групата ја презела вчера радио станицата и сега по таа фрекфенција се емитуваат извадоци од Куранот и зборови на лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал Багдади.
Поранешен службеник на општинската админситација изрази стравување дека групата може да ја злоупотреби ситуацијата со „немање државна власт и да го претвори Сирт во исламски емират“, исто како Дерна – град во Источна Либија под контрола на радикални групи.