Во 14 часот протест на хонорарците

Од:

Хонорарци, здруженија, и граѓани незадоволни од најновите измени на законите со кои се наметнуваат нови давачки денеска ќе протестираат противи плаќањето придонеси за хонорарите.

Протестот почнува од Жена парк, во 14 часот, а колоната ќе се движи од Собрание до Министерство за труд и социјална политика, од тука до Владата и на крај до Автономната зона на УКИМ.

Потписниците на Повелбата за солидарност за заштита на работничките права, граѓански здруженија, активисти и поединци ги отфрлаат најавите за измени на законите за придонеси за хонорарна работа и бараат:

– Да се повлечат законските измени со кои се воведува плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување за хонорарите

– Преку засилени инспекции на Инспекторатот за труд да бидат отстранети случаите на прикриен работен однос, односно на наметнатото вршење работа без договор или врз основа на договор за дело, при што на работниците не им се плаќаат придонеси од задолжително социјално осигурување

-Да се укине највисоката месечна основица за пресметување и уплата на придонесите од плата која сега изнесува 6 просечни плати.

Би можело да ве интересира

Агенцијата за филм без критериуми исплаќала хонорари од 15.000 до 60.000 денари за рецензенти, утврдија ревизорите

A1on

(ВИДЕО) Актери: Доста со овој грабеж, укинете го законот за хонорари!

Ана Ололовска

ВИДЕО: Нека го повлечат законот за хонорарци пред да си заминат од власт

Ана Ололовска

ВИДЕО: Во Уставен суд поднесени 6.400 претставки за хонорарите

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Протест на хонорарците: УА Лопови

Ана Ололовска

(ВИДЕО) АЈДЕ!: Утре сите на протестен марш – НЕ за неуставните закони за хонорарците!

Ана Ололовска