Времето во Македонија ќе биде претежно стабилно и суво. Утрото ќе биде студено, а преку денот потопло. Ќе дува слаб ветер од северен правец.
Утринската температура ќе се движи од минус 10 до минус два, а дневната од три до 11 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус пет, а дневната ќе се искачи до девет степени.
Според Управата за хидрометеролошки работи, утринава во Маврово и Берово се измерени -9 степени, во Лазарополе -8, во Крушево, Скопје кај Петровец и Битола -7, Тетово, Прилеп, Претор, К. Паланка и Д. Капија -6, Скопје–З.Рид, Куманово, Охрид и Штип -5, Струмица, Кавадарци и Виница -5, Гевгелија -2 и во Дојран нула степени.