Заев: Груевски не знае што се има СДСМ

Од:

Доказите кои ќе се појават, Груевски нема да ги дочека како премиер, порача вечерва  лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за емисијата „Патот кон“ на ТВ Алсат-м. Груевски, рече, делумно знае за што се работи, но голем дел не знае што се поседува опозицијата.

„Тоа што вика дека е точно е точно, тоа што е полуточно е точно, и тоа што вика дека не е точно е повторно точно.За неговата кожа се работи, и затоа ги повлекува ваквите чекори. Не е вината наша што податоците дошле кај нас, туку кај тој што си го дозволил тоа да го прави.Деветгодишното владеење најверојатно го принудило тоа да го направи и да не верува никому “, рече Заев.

Заев кажа дека Груевски бил запознаен со најбенигниот дел, бил запознаен со некои финансиски нелегални активности и за криминалот и местењето на изборниот процес.

„ Јас го наговестив бенигниот дел за да знае дека се е кај опозицијата. Не беше пријатно кога го слушна тоа. Неговата рекација беше дали ова е уцена, јас му реков каква уцена? Ако треба да се изразам во проценти, 90 проценти се прислушувани од високите ешалани на власта од страна на Груевски. Генерално наредбите доаѓаат од директорот на УБК и на петтата управа. Корисник на материјалите е Груевски. Не постои разговор само меѓу нив дваја, но постојат разговори на Груевски со Канчевска-Милевска, Јанкуловска, Миле Јанакиевски “, рече Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски рутинска работа ја претставува како дипломатска победа

Обвинителот Савески да го викне Панче Тошковски да ги достави доказите за „Мазут“, бара СДСМ

СДСМ: Додека Кошта ја кажува вистината за ЕУ, власта отвора предмет за Богоев

СДСМ бара нови избори во Карпош, Мицкоски вели боледувањето на Лукровски било лична работа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: Две години ветувања, нула резултати – граѓаните плаќаат за економскиот неуспех на Мицкоски

СДСМ: Денес истекува рокот за исполнување на Реформската агенда