Минусни температури низ цела Македонија

Од:

Најниски температури во Македонија во седум часот изутрината се измерени во Маврово, – 15 степени целзиусови,  -14  во Лазарополе, -12 во Крушево и Берово. Минус девет степени се измерени во  Крива Паланка и Претор, – 8  во Битола, – 7 Охрид, Штип и Виница, – 6 Скопје-Петровец, Тетово, Куманово, Струмица, Прилеп и Демир Капија, – 5 Скопје- Зајчев Рид и Кавадарци, – 2 Дојран и -1 во Гевгелија.

На Маврови Анови висината на снежната покривка достигна 64 сантиметри, 42 во Лазарополе, 36 во Крушево, а во Пожаране 7 сантиметри.

Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавува претежно сончево време со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8 степени. Во Скопје претежно сончево со слаб северен ветер. Температурата ќе достигне до 5 степени.

Во наредните денови следува период на стабилно и суво време. Утринските температури ќе бидат ниски и во следните два дена на повеќе места ќе се спуштат помеѓу -10 и -5 степени, а од петок температурите ќе бидат во постепен пораст.

За време на викендот, особено во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски