Самоубиствени напади на тројца странски борци на ИД во Ирак

Од:

Во координирани напади врз ирачките војници и шиитската милиција тројца странски бомбаши самоубијци, припадници на Исламска, во воздух кренале камиони наполнети со експлозив, уништувајќи ги притоа своите цели, соопшти денеска оваа џихадистичка група.

Нападите се изведени во близина на Кампот Спајкер, на 160 километри северно од Багдад, во ирачката провиниција Салахудин, објави ИД на Твитер, во што увид имаше американскиот разузнавачки сајт СИТЕ, пренесуваат француските медиуми.

Цел на нападот во кој биле вклучени камиони со шест тони експлозив биле припадници на ирачката војска „Сафавид“ и шиитската милиција „Рафиџи“, како и нивните бараки и воениот штаб, наведе ИД.

Секоја од експлозиите резултирала со „целосно уништување и елиминација“ на целта, додава оваа екстремистичка група.

ИД на Интернет постави фотографии на тројца насмеани момчиња со десен покажалец кренат во височина, како гест на единство со Бога.
Притоа ИД ги наведе и нивните имиња и државите од кои доаѓаат: Абул Тала ал-Фиранси од Франција, Абу Омар ал-Катари од Катар и Абу Укаша ал-Шами од Сирија.

На други фотографии се прикажани и експлозиите.

Кампот Спајкер, во близина на Тикрит, во јуни беше средиште на масакрот во кој речиси 1.700 војници погинааа во текот на офанзивата на ИД, во која оваа група зазеде големи делови од северен и западен Ирак.

Според проценките на американската Влада, ИД има околу 20.000 борци, од кои, се верува, дека 3.400 се странски државјани.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска