Во Украина истрага за дезертерство на над десет илјади војници

Од:

Украинското воено обвинителство покрена истрага за дезертерство на над десет илјади украински војници, изјави главниот воен обвинител Анатолиј Матиос во интервју за весникот „Украинска правда“.

– Воениот обвинител истражува 5.870 кривични дела, кои ги извршиле 16.598 припадници на војската, од кои 1.648 се обвинети за неизвршување на наредби, истакна Матиос.

Според него 3.200 војници се обвинети за неодобрено напуштање на единиците, 10.266 за дезертерство, меѓу кои пет илјади војници, кои дезертирале, но останале на територијата на Крим.

Главниот украински воен обвинител изјави дека против 1.468 војници се покренати 118 обвиненија за избегнување на воената служба на други начини.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17