Утринава најстудено во Маврово

Од:

Најниска температура  во 7 часот изутрината во Македонија е измерена во Маврово од -11 степени целзиусови, – 8 Крушево и Лазарополе, -7 Берово, – 6 Кр.Паланка, -5 Охрид, Битола и Претор, -3 Прилеп и Виница, -2 Тетово, Штип и Демир Капија и -1 Кавадарци и Куманово. Во Скопје-Петровец и во Струмица температура од 0 степени, на Зајчев рид во Скопје  и во Дојран 1, а во Гевгелија 2 стапени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

На Маврови Анови има снежна покривка од 66 сантиметри, од 43 во Лазарополе, 37 Крушево, 11 Битола, 8 Пожаране, 3 Тополчани и 1 во Берово.

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен на места засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 8 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Температурата ќе достигне до 4 степени.

Според УХМР, во наредните денови следува период на стабилно и суво време. Утринската температура на повеќе места ќе биде под нулата, а од петок температурите ќе бидат во пораст. За време на викендот, особено во утринските часови по одделни котлини ќе има услови за појава на магла.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски