Твитер налогот на магазинот „Њузвик“ се најде на мета на џихадистичките хакерите, кои на профилот поставиле слика од борци на Исламска држава со напис „Јас сум ИД“. На профилот се појавила и порака „Киберкалифат“.
„Додека САД и нивните сателити ги убиваат нашите браќа Сирија, Ирак и Авганистан, ние го уништуваме вашиот национален киберсистем“, стоеше во пораката на хакираниот профил.
Истата група ја презеде одговорноста и за наводното хакирање на Твитер-профилот на централната команда на САД.
Извор: Мета