Сјаши мурто, да узјаше Курто
Ви пишувам во врска со здружението за одбрана на Македонија. Сакам само да знам, со кои историски факти ќе обвинувате за некакво предавство, поново од некој Македонец? Што правите и зошто го правите?
Вие ми изгледате како најлошата пропаганда што ни се случила. Во народот владее чуство дека сите Македонци се предавници.
Од каде му излегува тоа? Во историјата се кажува дека неуспехот на Илинденското Востание е токму поради – предавство.
Бројните убиства на Македонски дејци (дури Јане Сандански за вас е предавник колку што можам да читам меѓу редови, поради убиството на Иван Гарванов и Борис Сарафов зошто нив ги наследи Тодор Александров иконата на оваа власт) – поново предавство.
Вие продуциравте дека луѓето кои ја формираја СРМ или ја владееа СРМ и креира цел општествен систем како (Лазар Колишевски, Славко Јанески, Блаже Конески…..) се шпиуни удбаши, или предавници.
Луѓето кои ја владее Македонија после Независноста, Бранко Црвенкоски, Љубчо Ѓорѓиевски се најголемите предавници според вас.
Верувајте ми Никола Груевски и неговата власт исто така ќе се смета како предавник најголем на Македонскиот народ, дури Груевски ќе стане синоним за тортура во народот. Токму ваквите ПОДЕЛБИ во народот е најголемото предавство.
Не направивте да се плашиме еден од друг.
И да ви ја опишам структурата во народот како размислува или како ја правите политичката поделеност меѓу нас сите. Прво финансиската ситуација. Оваа власт ги држи своите гласачи со некакво вработување или волонтирање во јавните институции за мизерни 4000 – 5000 денари, па после 5 години им давате решение, а некои сеуште тоа го чекаат, со решение ќе добијат 18 000 денари плата или во превод 300Евра плата и им изгледаат дека тоа е многу, а всушност тоа не е ни социјална помош во нормалните земји,па народот зема Бугарски пасоши и оние кои имаат се најпаметни(некои така сметаат) – Жално и поразително ПРЕДАВСТВО.
Друго иако не сум никаков економист само ќе ви поставам прашање. Каква независна држава имаме ние – ЦЕЛОСНО Економски зависна.
Банките се 95 % странски капитал (тоа се вика рекет врз нашиот народ , а рекетарот не е Македонец- предавство) Примарните услови за живот , Струја – ЕВН – австриска компанија, Телеком – Германска компанија, Окта – Грчка компанија и што е најстрашно нешто- Леб или жито и затоа сме зависни – Жално и поразително во превод најголемо ПРЕДАВСТВО .Патна инфраструктура не променета од социјализмот( не плачам по социјализмот не ни знам како се живеело, припаѓам на генерација која е изгубена која тешко дека ќе доживее развиен општенствен систем и плус сметам кукањето по социјализмот на повозрасните луѓе е кукање по нивната младост J)Образование реформирано не до реформирано- или УСАИД Социјалистички J. Зошто тоа го викам, за да се формира нешто се прави од темелот. Значи реформа во образование се прави од темелот.
Темелот се образовните згради кои се наменети за социјалистички образовен систем а не за ИКТ образовен систем. Административните работи кои сеуште ги бараат образовните инспектори како дневни подготовки , Глобални , Тематски , Додатни и Допполнителни планови се од минатиот образовен систем. И безброј небулози во нашиот општествен систем кои сметам се најголемо предавство на Македонецот.
Им направивте состојба на умот на луѓето дека се се слуша и секој ќе биде казнет, ако човек си ги бара основните човекови права или размислува различно тоа е ДЕМОКРАТИЈА а ова се вика ТОТАЛИТАРИЗАМ. Страшно.Сега се мислам со кои историски факти можите да ја одбраните Македонија. Поново да ја кудите минатата власт или да ги нарекувате предавници. НЕ тоа е најголемо предавство за народот, бидејќи сите не размислуваат како вас.
Ваш бивш студент кој ве почитува премногу и смета дека имате време да се повлечите да не бидете од тие кои ја предадоа Македонија, не ви доликува да се мешате во ситна дневна политика која ви го руши вашиот авторитет.
И молба до наредните кои ке дојдат, да прекинат со вакви поделби ПРЕДАВСТВА, зошто ни го нема крајот , со оваа осветољубива политика да се заврши веќе еднаш. Да не се повторува повеќе анегдотата Сјаши Мурто, да узјаше Курто!