Германскиот државјанин Денис Куспер, кој е припадник на исламистичката групација Исламска држава во Сирија и во Ирак, е прогласен за глобален терорист од САД.
Стејт департментот соопшти дека Куспер се приклучил кон џихадистите во 2012 година и се појавил во голем број пропагандни видеоснимки на ИД.
Во една од нив, која е од ноември минатата година, 39-годишниот поранешен берлински рапер, кој сега се претставува под името Абу Тала ал Алмани, држи глава на човек, за кој тврди дека е егзекутиран бидејќи ѝ се спротивставил на ИД.