Најмалку шестмина загинати во ракетен напад во Источна Украина

Од:

Најмалку шест луѓе загинаа при ракетниот напад врз Командата на украинската армија во Краматорск, Источна Украина, изјави денеска украинскиот претседател Петро Порошенко.

Во нападот повредени се 21 лице. Краматорск се наоѓа зад борбената линија и е под контрола на владините сили.

Нападот бил извршен со ракетите „торнадо“. Претставник на украинското Министерство за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека „торнадо“ се руски најнов ракетен лансер со повеќе цевки, а такви Украина не поседува.

Киев и Западот ја обвинуваат Москва дека ги снабдува проруските сили во Источна Украина со војници и оружје. Проруските сили тврдат дека оружјето е запленето од украинските сили.

Би можело да ве интересира

Буданов: Ситуацијата во регионот Харков станува критична за вооружените сили на Уркаина

„Сандеј тајмс“: Камерон побарал од Доналд Трамп да го поддржи нацрт-законот за помош на Украина

(ВИДЕО) Шефовите на американската и украинската дипломатија јаделе пица во ресторан во Киев

Франција ќе достави дополнителна воена помош за Украина

Британски министер за одбрана: Лондон му дозволи на Киев да го нападне Крим со нашето оружје

Ново тело е пронајдено во урнатините на зграда во Белгород, бројот на жртви се искачи на 17