Руската атлетичарка и светска рекордерка во скок со стап Јелена Исинбаева планира да се врати на атлетските натпревари во 2016 година или поточно на Олимписките игри во Бразил.
Исинбаева се повлече пред не цели две години на Светското првенство, а во меѓувреме доби и принова во семејството. Според плановите таа во 2015 година ќе работи само на кондиционен план, а во текот на следната година ќе почне со натпревари за својот клуб ЦСКА Москва. Таму таа ќе работи и како тренер –инструктор.
Доколку настапи на ЛОИ во Рио тоа за неа ќе бидат четврти Олимписки игри: златни медали освои 2004 во Атина и 2008 во Пекинг, додека во Лондон 2012 беше третопласирана.
Исинбаева во Цирих 2009 година го постави светскиот рекорд со скок од 5.06 метри.