Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром е поразен од Металац во дуел од регионалната кошаркарска АБА лига.
На средбата одиграна вечерва во Ваљево, а во рамките од 21.коло на АБА лига, МЗТ Скопје Аеродром загуби од Металац со 69:67.
Во резултатски неизвесен натпревар повеќе среќа имаа домашните кошаркари, а со кошот на најефиксаниот на натпреварот, Немања Протиќ во последната секунда Металац стигна до победата.
На МЗТ Скопје не му помогна ниту ,,дабл-дабл,, учинокот на Предраг асамарџиски кој средбата ја заврши со 20 поени и 20 скокови, додека Стефан Синовец придодаде 17.
За МЗТ, ова е 15-ти во регионалното натпреварување, по кој сино-белите остануваат на претпоследното место на табелата.
Покрај овој натпревар, вечерва се одигра и средбата во Белград, каде Партизан го победи последно пласираниот Левски од Софија со 94:66.
Во следното коло, МЗТ Скопје пред својата публика ќе игра против Игокеа која има идентичен „скор„ како и сино-целите (6 победи и 15 порази).
Табела: Црвена Звезда 20-1 (победи-порази), Будуќност 16-5, Цедевита 15-6, Партизан 14-7, Крка 11-10, Олимпија 11-10, Задар 10-11, Шолнок 10-11, Металац 10-11, Мега 8-13, Цибона 9-12, Игокеа 6-15, МЗТ Скопје 6-15 и Левски 1-20.