Германци кои заминале да војуваат на страната на Исламска држава може да бидат осудени за воени злосторства при враќањето во Германија, објави Велт ам зонтаг.
Според неделникот, кој не цитира извори,Обвинителството води истрага за два случаја против лица кои се вратиле од Сирија за воени злосторства за кои казна е доживотен затвор.
Досега тие лица можеше да бидат судени за учество во тешки насилства што се закана за државата или за поддршка на терористичка организација и да добијат казна од 10 години затвор.
Според германското разузнавање во Сирија замминале околу 500 германски џихадисти. Од Сирија и Ирак се вратиле околу 200 германски џихадисти и секој петти од нив соработува со германските служби за безбедност и дава информации за престојот кај ИД, јави ДПА.