Последниот натпревар од 20. коло од Бундес лигата одигран вечерва меѓу Аугсбург и Ајнтрахт заврши без победник 2:2. Домашниот тим иако имаше водство од 2:0, не успеа да освои три бодови и воедно го забележа првиот нерешен резултат сезонава во Бундес лигата.
На вториот дуел одигран денеска Вердер го победи Баер Леверкузен со 2:1.
На вчерашните натпревари беа постигнати следниве резултати: Хамбургер – Хановер 2:1, Фрајбург – Борусија Дортмунд 0:3, Келн – Падерборн 0:0, Мајнц – Херта 0:2, Штутгарт – Баерн 0:2, Волфсбург – Хофенхајм 3:0 и Шалке – Борусија Менхегладбах 1:0.
Табела: Баерн 49 бодови, Волфсбург 41, Шалке 34, Аугсбург 34, Борусија Менхенгладбах 33, Баер Леверкузен 32,…