Кери: Нема да се пролонгираат преговорите за иранската нуклеарна програма

Од:

Американскииот државен секретар Џон Кери изјави дека нема да има пролонгирање на преговорите за иранската нуклеарна програма по крајниот рок од 31 март, ако дотогаш  не се договорат рамките за идниот договор.

– Единствена можност, која ја гледам за пролонгирање на таа етапа, би била навистина да располагаме со некаков рамковен договор. Во таков момент разбирате што точно правите и го продолжувате рокот, зошто треба да се пополнат анексите, кои се малку подетални, посочи Кери.

Претходно. Кери во Минхен се сретна со шефот на иранската дипломатија Мухамед Џавад Зариф. Детали од средбата не се соопштени, но двете земји се надеваат да постигнат политички договор до 31 март, а до 1. јули да склучат завршен глобален договор, кој ќе ги вклучува сите технички аспекти.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас