Времето во Македонија утре ќе биде променливо облачно и многу студено со повремен слаб снег, особено претпладне. Ќе дува повремено силен северен ветер, кој на моменти ќе надминува 80км/час.
Во Скопје времето ќе биде слично со минимална температура од минус 9 степени, а максималната ќе достигне до минус 2 степени Целзиусови.