Обид на армијата за враќање во политичкиот живот во Индонезија

Од:

Претставниците на влијателните групи за заштита на човековите права во Индонезија денеска остро се спротиставија на најавata на командантот на индонезиската армија геnералот Мурдоко според која армијата е подготвена да интервенира ако дојде до поголеми судири предизвикани од недоразбирањата меѓу полицијата и Агенцијата за борба против корупцијата.

Претседателот на индонезиската национална комисија за човекови права Мохамад Билах по таа најава изјави дека армијата е отстранета од политиката по симнувањето на поранешниот претседател Сухарто во 1.998 година и дека најавата на генералот Мурдоко им оди на рака на олигарсите кои сакаат во Индонезија да се врати времето на полувоената управа, каква што беше под Сухарто.

Недоразбирањата меѓу полицијата и многу влијателната Агенција за борба против корупцијата започнаа пред еден месец кога Агенцијата соопшти дека предложениот кандидат за нов шеф на индонезиската полиција Буди Гунаван е под сомневање дека примал мито. Врвот на полицијата на ова одговори со апсење на вториот човек на Агенцијата за борба против корупцијата, кого го обвини за лажно сведочење пред Уставниот суд. Потегот „ заб за заб’’ предизвика улични протести во Џакарта.

Претседателот на Индонезија Јоко Видодо минатата среда издал наредба војската да ги штити просториите на Агенцијата за антикорупција од најавениот упад на полицијата во нив, а неговиот кабинет соопшти дека тоа била акција со ограничен временски период.

Би можело да ве интересира

Одрон во близина на илегален рудник во Индонезија, загинаа 12 лица

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници