Република Европска Македонија

Од:

Цели дваесет години плејада на македонски политичари не можеше, не сакаше или пак го избегнуваше решавањето на наметнатиот проблем околу уставното име на Република

Македонија од страна на Грција. Бегањето од одговорноста под изговор дека незнаевме, дека времето работеше за нас, и дека само Грција го има тој проблем а ние не,

јасно ни покажа дека оние кои што ја водеа државата не можеа да “предвидат” (што е еден од основните постулати во политиката), дека проблемот ќе се интернационализира

и дека ќе стане сериозен јаз кој Македонија ќе треба да го премости сама, или со минимална помош на надворешните пријатели. Но проблемот не е веќе само проблем, тој е

безизлезна ситуација за евроатланските интеграции.

Немањето внатрешна стратегија и пред се политичка визија како сакаме да ја видиме земјата по дваесет-триесет години, а занимавајќи се со внатрешни пресметки за моќ,

пари и позиции, доведе до сознанието дека за да постои, една држава пред се мора да си ги заштити своите национални интереси и да води политика која ќе биде за чекор

понапред од политиката на оние кои сакаат да им наштетат на истите тие интереси.

Напразно ќе зборуваме колку е апсурден проблемот за нас, за сите оние политичари во светот кои имаат основни познавања од меѓународното право и за обичните луѓе кај

кои ваквото прашање за преименување на една држава се граничи со глупост. Но, немаше да зборуваме во ветер доколку пред 20 години предвидовме и проценивме колку

ваквото прашање е битно за Грција, и што се е способна да направи за да излезе како победник.

Не смееме да заборавиме една важна работа, дека секој оној кој историски го познава менталитетот на Грците ќе ви објасни дека секогаш “играат” на победа, дека за нив

не постои зборот компромис и дека не прифаќаат пораз, а тешко и нерешен исход. Исто така, историски е докажано дека извонредно знаат да ги бираат сојузниците, да ги

искористат и на крајот повторно да излезат како победници.

Дури и клекнати на колена, дури и со позајмени пари и растурена економија, Грците се толку моќни што никој

на европската политичка сцена не ни помислува да се конфронтира со нив. Ова мора да го толкуваме како политичка доктрина која генерално се повторува низ вековите и не

е променета до ден денес. Факти постојат многу, од земањето на крал со кој директно се поврзуваат со европските кралски семејства, до окупирањето на туѓи територии со

одобрување на големите сили како сојузници, па се до менувањето на сојузниците на крајот од втората светска војна, и вртењето на грбот на американците кон крајот на

деведесетите, иако профитот од таа дружба значеше претворање на Грција од сиромашна касаба во балканска економска велесила. Но тоа, во слободен превод се вели дека

националните интереси на Грците им се пред се и над се-па дури и пред личниот интерес.

Основата на грчкиот проблем со нас е генетскиот порив да ја имаат целата (или поголем дел од) територијата на Македонија, (цитирам ”Македонија е грчка” не велат ”оваа

Македонија е грчка”). По след на таа антагонистичка и националистичка желба всадена во секој Грк, посебно изразена од 1980-та година па навака (поради економскиот бум

и влезот во Европската Унија), како резултат се добива дека тие се Македонци, дека други Македонци не постојат, и дека никој нема право да толкува и да вади нови

докази на тој дел од историјата. Тоа е основата на проблемот, а не името на државата кое се провлекуваше овие 20 години како извонредна мамка за нашите кусогледи

политичари.

Залудни се илјадници докази од говорите на Демостен, доказите на руските академици (кои пак имаат најголема причина да не својатаат, но тоа не го прават од причина што

не размислуваат грчки) па до генетските испитувања. Светот разбра дека уште пред 2300 години Келтите имале населба во денешна Америка, а Кристифор Колумбо ја “открил”

18 века подоцна, но Грците никогаш нема да разберат дека делот со Александар и македонските династии не е дел од грчката славна историја, од проста причина што сета

омраза кон него и неговото варварство која ја пренесувале со поколенија на грчките деца, по паѓањето на Берлинскиот ѕид беше заменета со контра-теза која се

поклопуваше со нивните интереси. Зошто? Затоа што по овој историски чин заврши доктрината на студената војна и Римското организирање на западните демократии

(окупација, блокови и доминација), а започна Александровата доктрина на глобализација на светот и интегрирање на народите (факт ”со сила или економија”). Оттаму на

Грците им беше потребен туѓ дел од историјата за да се приспособат кон новите промени и новите сојузници (Русија и Кина), кои за нивна жал без да се помрднат

економски, трпеливо чекаат конечно да банкротираат.

Тоа приспособување се отвори и како последица од распаѓањето на Југославија која беше гарант за Република Македонија, но и за непокренување на македонските прашања

(територија, децата-бегалци, малцинските права на Македонците во Грција) и почна да навлегува во нова фаза (никако завршна, како многумина што сакаат да ја прикажат),

која има за цел обезличување на македонскиот идентитет, јазик и омеѓување на територијата како Северна, Вардарска или Горна. Последната фаза која би настапила по оваа,

а е предвидена во грчката доктрина (сега е малку успорена поради грчката криза, но ние со нашата внатрешна нестабилност ја забрзуваме) е распад на Република Македонија

и преземање на голем дел на нејзината територија, со што грчките интереси стари неколку века во целост би биле реализирани. Последните настани кај нас само им одат во

прилог на тезата дека кога-тогаш ќе се распаднеме и сме неодржливи како држава поради македонско-албанскиот фундамент. Негирањето на јазикот и народот од страна на

Грција се сегмент кој СДСМ го држеше успешно под тепих обидувајќи се да игра на картата време, а ВМРО-ДПМНЕ со политика која е нејасна, бидејќи поставувањето на

споменици и преименувања е доктрина која требаше да се реализира по решавањето на името, со цел зацврстување на идентитетот, ја почна предвреме и направи со тоа

тотално изместување на состојбите во евроинтеграциите кои максимално ја влошија нашата позиција.

Европската Унија е збир на нации од заеднички интерес, кои на моменти покажуваат зачудувачки компромис, а на моменти изблици на класична европска перверзија во

односите. Но, не треба да заборавиме дека тоа доаѓа оттаму бидејќи постојат непобитливи факти дека Европа е колевка на најголемите опшествени извртувања како што се

двете светски војни, комунизмот, холокаустот, колонијализмот, инквизициите па се до уништување на цели цивилизации и народи (Инките и Ацтеките). Но, како и секој

светски процес има и добра страна. Внатре, системот на ЕУ гарантира рамноправни односи. Тука ќе направиме споредба со некогашна Југославија, чии што регулирани односи

беа урнек за Европската Унија, иако тоа никогаш не го призна, а и допринесе за нејзиното растурање. Македонија со сите недостатоци во однос на многу прашања имаше

статус во Југославија кој беше заштитен и неспорлив и затоа во тој период грчката доктрина стагнираше и се задоволуваше со непокренувањето на македонскито прашање.

Дали примерот со Југославија може да се употреби за да може Република Македонија ги заштити своите национални интереси сега во однос со Европската Унија? Дали можеме

да ја преземеме грчката доктрина и од недоверливите Европејци да направиме сојузници?! Тука можеби лежи основната поента која не сме успеале докрај да ја видиме сите

овие години, иако на прва топка сите сме за евроинтеграции. Дали низ призма на овој контекст можеме да го решиме прашањето за името без да бидеме Северни, Горни,

Вардарци и обезличени, а тоа да биде прифатливо за Грција (да прифати да направи измени во својата доктрина под притисок на ситуацијата и подобриот потег на

“противникот”)?!

Зошто како предлог да не го извадиме на маса името Европска Република Македонија или Република Европска Македонија?

Ова е единствениот предлог кој можеме да го прифатиме ЕРГА ОМНЕС дури и по цена да го смениме уставот.

Овој предлог во себе содржи многу комплексни делови кои ако се анализираат еден по еден содржат прифатливи суштински моменти за двете страни:

• Името има прецизна географска одредница (по барање на црвената линија на Грција) која ја двои од истата територија во Грција, затоа што територијата на Македонија во

рамките на оваа држава е само регион. Грција е најужниот дел од Европа и нашата држава е поблиску до срцето на стариот континент, и во новиот концепт со ова име

претставува успешен европски проект во можеби најтешкиот европски период по Втората светска војна..Грција со островите повеќе гравитира кон Медитеранот, Африка и Азија

отколку кон Европа, што значи дека нашата земја претставува нејзин земјен линк со старата Европа. Фактот дека Стара Грција се смета за основоположник на Европската

цивилизација ќе значи прифаќање на грчката кооперативност која сакаат цело време да ја нагласат. Со ова Европска Македонија е одделена од Грчка Македонија.

• Едно име за сите со промена на уставот и пасошите-условот на Грција. За Република Македонија е прифатливо, бидејќи не постои материјална повреда на уставното име кое

е содржано во целото име со додавка која не повредува ниедно чувство на Македонците.Впрочем, ние сме Македонци, па Европејци, или ако сакаме како образложение

континентот Европа настанал пред библиска и античка Македонија. Оваа промена на уставот не врши никаква материјална повреда со што не постои менување на идентитетот,

Македонците остануваат Македонци, но стануваат и официјално Европејци со сите права и обврски, јазикот останува македонски, но потврдува дека е еден од основните

официјални европски јазици кој мора да се говори и во ЕУ и ОН како што треба да биде и впрочем е. Се менува и референцата во ОН.

• Скратено име ЕР Македонија или РЕ Македонија-ова име ќе се појавува на сите меѓународни спортски, политички и опшествени настани и е достоинствено(затоа што го има

уставното со општо прифатена додавка) за разлика од БЈРМ кое е максимално навредливо и обезличувачко.

• Референдумот би бил прифатлив затоа што не би имало поразени и победници, и не би имало ситнополитички калкулации од страна на владејачките структури на двете земји.

• Европска Република Македонија или Република Европска Македонија значи и Обединета Македонија за нас, бидејќи во неа територијално и етнографски сите Македонци ќе се

обединат. Грција пред својот народ може да го прикаже како добар избор со образложение дека ова е нова држава, конструирана во рамките на нова Европа, и со ова решение

оневозможува Република Македонија да го користи самостојно “грчкото културно наследство”(македонската историја) со обопштување на прашањето-и дека Република Европска

Македонија е држава која е создадена во Југославија, примена во ОН како Бивша Југословенска Република Македонија, и тоа име согласно компромисот помеѓу двете земји е

заменето со ова ново име. Во графата народ ке стои Мацедониан(Еуропиан), и за јазик Мацедониан(Еуропиан ) што може да се тумачи како негрчки, и како прифаќање на

грчкиоот услов и компромис од наша страна.

Европска Република Македонија или Република Европска Македонија во пакетот за договор мора да содржи и политички одлуки за прием на државата во НАТО веднаш (а за ЕУ по

принципот-прием па исполнување на критериуми како што беше со Бугарија и Романија). Ваквото решение по автоматизам ќе ги реши и проблемите во Бугарија ( која се

подготвува на тивко вето) и тоа на рамноправна основа како земја членка на НАТО и ЕУ, со Србија (која ако дојде пред нас во ЕУ интеграциите сигурно ќе го стави

прашањето на црквата на маса), а земјата ќе добие фантастичен влез на странски инвестиции по основ на стабилност и членство во ЕУ и НАТО, и отворање на сите патни и

комуникациски коридори со што ќе станеме вистинска европска дестинација во секој смисол.Со него нема да има победници и поразени, а ние ќе ја искористиме грчката

доктрина за да дојдеме до резултат со кој нема да бидеме повредени и обезличени.

На многумина од нашите политички “аналитичари” овој предлог ќе им служи за подбив, но ако видат дека тие со своите одлуки и решенија се одамна за подбив, ова решение

ги задоволува и двете страни. И со покојниот претседател Борис Трајковски (нека му е вечна слава) се подбиваа, а тој направи многу повеќе од нив за сопствената земја,

затоа што ја сакаше искрено. Секоја идеја заслужува да биде предмет на јавна дискусија и анализа, а времето ќе покаже дали некој бил во право или не. Затоа што овој

проблем пред се наликува на најстарата работа на светот-сексот. Едната страна треба да биде задоволна, а другата задоволена. За тоа да се случи и двете страни не треба

да симулираат, туку навистина да влезат во сериозен однос, кој ќе роди решение кое подоцна ќе треба заеднички да го израснат.

Оливер Ромевски

 

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска