Исламска држава во криза: Банкротирале и немаат борци?

Од:

Агенциите пренесуваат дека противниците на ИСИС веќе некое време забележуваат невообичаени знаци на деорганизираност помеѓу џихадистите.

Меѓутоа и покрај оваа информација, подрачјата кои се протегаат се до ирачката половина од „калифатот“ и некои сириски провинции, се уште се под нивна контрола.

idBorci2

-Исламска држава плати висока цена за Кобане-рече Томас Гилеран, американски полковник од коалицијата која војува против ИСИС и додаде дека токму за освојување на тој град екстремистите ги употребиле сите свои капацитети, меѓу кои и самоубиствените напади.

На притисокот под кој моментално се наоѓа Исламска држава, придонесува и финансиската состојба на организацијата, за која се верува дека е проблематична поради намалување на цената на нафтата во светот.

idBorci1

Исламска држава неодамна претрпе пораз и од силите на сириската влада во близина на воздушната база во покраината Деир ал Зор, а поради воените неуспеси беше принудена да отстапи дел од територијата и во североисточната провинција Хасаки.

Сириската агенција „Сана“ во петок пренесе дека сириската војска успеала да протера и убие голем број џихадисти од 16 села.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турските разузнавачи го убија лидерот на Исламската држава

Ана Ололовска

Британката која се приклучи на Исламска држава, не може да се врати во Велика Британија

Ана Ололовска

Абу Хусеин – нов лидер на терористичката Исламска држава

Ана Ололовска

Исламска држава: Нашиот лидер е мртов

Ана Ололовска

ИД ја презеде одговорноста за вчерашниот смртоносен напад во Сирија

Ана Ололовска

Терористите побегнаа од затвор кој е под контрола на сириските Курди

Ана Ололовска