СБ на ОН го поздрави продолжувањето на дијалогот Белград-Приштина

Од:

Членките на Советот за безбедност на Обединетите нации го поздравија денеска продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина и изразија загриженост поради насилствата од неодамнешните протести на Косово.

– Со должна почит за протестите, да бидеме сосема јасни: сите граѓани имаат демократско право да протестираат, но насилствата се нелегални и неприфатливи. Ги осудуваме сите акти на вандаллизам над јавниот и приватен имот, заплашување на новинари и телевизиски екипи, рече претставникот на САД во ОН.

Тој додаде дека е неприфатливо примена на сила против „верници“ каква што беше видена за православен Божиќ близу Ѓаковица, ммислејќи на каменувањето автобус со Срби.

Престојот на премиерот на Србија на Косово за православна Нова година тој го оцени како чекор кон нормализација на односите. Претставникот на САД ги пофали Белград и Приштина поради посветеност во продолжување на дијалогот и иазрази надеж дека состанокот в понеделник во Брисел ќе има резултати. Претставниици на Беританија, Франција и Русија укажаа на значење за формирање на Специјалниот суд за процесуирање на злосторства на ОВК на Косово.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Нови тајни документи: САД го шпионирале шефот на ОН, неговите разговори беа објавени

Ана Ололовска