Faktor.mk-нов веб портал за економија и бизнис

Од:

Од денеска медиумскиот простор во државата е збогатен со нов веб портал, Faktor.mk, чие појавување се очекува да ја пополни медиумската празнина во делот на информациите кои се поврзани со бизнисот и економијата.

Новиот портал низ поинаков приказ на вести, анализи, интервјуа, секојдневно ќе придонесува за оживување на дебатата за економските текови во кои се наоѓа Македонија, како основа за подобрување на економскиот, но и на политичкиот амбиент во земјата.

Основачи на Фактор.мк се поранешниот новинар, актуелен универзитетски професор д-р Крсте Шајноски и Алек Манев финансиски аналитичар и инвестициски советник, со долгогодишно искуство во економските збиднувања на земјата.

Дел од екипата ќе бидат познати новинарски имиња кои ја следат оваа проблематика, а во екипата колумнисти се вбројуваат редица авторитети, професори, бизнисмени, политичари, аналитичари .

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“

Маскирани агенти ја претресуваат московската канцеларија на „Новаја Газета“

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март