И утре ќе врне

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне со локални врнежи од дожд и снег со послаб интензитет кои повеќе ќе бидат застапени во западните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец особено во источните делови и долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната од четири до 11 степени.

Во Скопје слично време, со утринска температура до четири и дневна до девет степени.

Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи претежно од снег со послаб интензитет.

Во понеделник времето ќе биде значително студено, на повеќе места со силен северен ветер, особено во понеделник и во вторник ќе дува засилен до силен северен ветер.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски