(ВИДЕО) Битраков од Студентски пленум: Ќе се бориме за целосно укинување на државниот испит

Од:

Константин Битраков од Студентскиот пленум по средбата кај премиерот Груевски најави дека е постигната начелна согласност за одложување на законот, но дека последниот збор ќе го имаат сите членови на Пленумот.

Освен за државниот испит, предлогот на власта е одложување на примената и на другите спорни членови за две години, а во следниот период треба да продолжи дискусијата и новите предлози за законот за високо образование.

Претставниците на Студентскиот пленум кои тврдеа дека нема да прифатат ништо освен укинување на законот, по средбата изразија согласност со одложувањето на законот, со најава дека ќе се борат за целосно укинување на државниот испит.

– Постигнавме взаемна согласност дека ќе биде одложен законот, односно сите измени и дополнувања што беа посебно донесени. Има согласност за барањата на Студентскиот пленум, со тоа што ние во периодот додека е одложена примената, постојано ќе нудиме аргументи, постојано ќе ги изложуваме нашите ставови дека одредбите треба да бидат укинати, барем оние за државниот испит од кои, студентите се најзасегнати. Одлагањето претставува голем исчекор, со тоа што остава простор повторно да бидат разгледани нашите аргументи се’ додека не бидат укинати спорните одредби, рече Константин Битраков од Студентскиот пленум.

Студентите не одговорија дали ќе ја спроведат окупацијата на факултетите бидејќи за тоа ќе се договараат во широк состав на Пленумот.

Би можело да ве интересира

Студентски пленум се огради од Туфегџиќ, таа вели дека е на листа како граѓански активист

Емир Латифовиќ

Студентски пленум објави повик за предлог модели за студентско организирање

Емир Латифовиќ

Погледнете го видеото „брУКИМ“ од Студентскиот пленум

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Автономија на УКИМ: Студентите влегоа на факултети

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Студентскиот протест се движи кон УКИМ

Емир Латифовиќ

Власта со специјалци ќе ги растерува студентите од пред СПУКМ

Предраг Петровиќ