ВИДЕО: Молкот на институциите ги натера хонорарците организирано да бараат одговори

Од:

Хонорарците го преплавија министерството за труд и социјална политика со прашањата за кои власта нема одговори, а се однесуваат за новите законски измени со кои им се наложува да плаќаат придонеси на хонорарите.

Нејасниот закон кој стапи на сила од 1-ви Јануари годинава е неразбирлив како за хонорарците така и за институциите кои се без одговори или со крајно спротивни правилнници за тоа како ќе се врши уплатата на придонесите.

Несинхронизираните институции ги изреволтираа хонорарците кои поради слаба организираност на државата немаат примено хонорари за јануари. Решија одговори да побараат директно од министерството за труд и социјална политика.

Користејќи ја алатаката за пристап до информации од јавен карактер, прашањата кои ги тангираат сите хонорарци ги доставија до архивата на министерството.

Иако синдикатот на новинари но и останати синдикати бараа средба со министерот Диме Спасов тие не се сретнаа со него, па затоа ја искористија можноста прашањата на кои никој од инстируциите не одговара да ги постават писмено.

Дел од прашњата се:

Кога еднократно се исплаѓа хонорар за соработена работа за шест месеци, дали за еден или за шест месеци се стекнува право на здравствено осигурување?

Дали доколку имам хонорарен ангажман од три дена придонесот за здравствено осигурување ќе се однесува само на тие три дена?

Дали и за вториот фонд ќе се пресметуваат проценти?

Со која ставка се опфаќаат хонорари кои се заработуваат надвор од државата?

Колкав прилив на буџетски средства се планира да се обезбеди преку воведувањето плаќање на придонеси на хонорарите?

Дали се даночи целата сума на хонорарот или има даночно ослободување?

Дали има ослободување на авторски хонорар за материјални трошоци и како тоа да се еведентира?

Што МТСП ќе направи да спречи директна дискриминација на луѓетп кои работа само врз основа на хонорарен ангажман и заради тоа ги немаат правата од ЗРО?

Дали можам да потпишам договор за дело со повеќе од 40 саатна работна недела?

Дали како хонорарен соработник имам права да бидам заштитен според закон за заштита при работа? Ако немам што МТСП ќе направи да ме заштити?

Во законот за спречување мобинг нема одредба која ги штити авторите и договорите на дело. Каде да се жалам во таков случај?

Имам ли право како хонорарен соработник да членувам во синдикат и како моето членство ќе се регистрира со оглед на тоа што немам еден работодавач?

Дали заради авторски договор од два дена ќе бидам одјабен од Агенцијата за вработување и кога повторно ќе можам да пријавам?

Ако ми се исплатат патни трошоци на мојата банкарска сметка, дали можам да бидам сигурен дека, во случај да не платам придонеси за тоа, дека нема да бидам казнет?

Новите законски измени кои ги донесе власта удираат по џепот на сите хонорарци-уметници, музичари, новинари, актери, преведувачи и на сите оние кои повремо работат хонорарно.

Дел од синдикатите и граѓанските здруженија бараа овој закон да не се носи зошто доплолнително ќе ги осиромаши граѓаните, а работодавците ќе го злоупотребат законот или редовно вработените ќе добијат нови договори за хонорарен ангажман без право на одмор, боледување или сите бенефити кои ги носи работниот однос.

Би можело да ве интересира

Меџити ќе го критикува Бесими: Седум месеци договарам да се вработат сите што се на определено

A1on

Агенцијата за филм без критериуми исплаќала хонорари од 15.000 до 60.000 денари за рецензенти, утврдија ревизорите

A1on

Власта ги тргна рацете од хонорарите за да не ги изгуби гласовите на хонорарците

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Актери: Доста со овој грабеж, укинете го законот за хонорари!

Ана Ололовска

ВИДЕО: Нека го повлечат законот за хонорарци пред да си заминат од власт

Ана Ололовска

ВИДЕО: Во Уставен суд поднесени 6.400 претставки за хонорарите

Ана Ололовска