Еден од главните идеолози на Ал Каеда, кој од октомври се наоѓа во јордански затвор, е ослободен, а обвинителството на Јордан одлучи да ги повлече обвиненијата против него.
Исам Баркауи, познат и како Абу Мохамад ал Макдиси, се наоѓа во затвор од 27 октомври за објавување на интернет на идеологија на терористичката група Фронт ан Нусра, што е огранок на Ал Каеда во Сирија.
Ослободувањето на Макдиси е наредено од обвинителството. Причината за негово ослободување не се соопштува.
Макдиси е ослободен откако минатата недела радикалната група „Исламска држава“ објави видео запис, во кој жив гори заробен јордански воен пилот. Во средата Јордан обеси двајца поврзани со Ал Каеда џихадисти како одговор на убиството на јорданскиот пилот.