Утре интензивни врнежи од дожд

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Локално се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен воден талог.

Претпладне врнежите ќе бидат поинтензивни во западните, а околу пладне и попладне во југоисточните делови од земјава. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер, особено во источните делови.

Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од шест до 12 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно со врнежи од дожд особено околу пладне и попладне. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе достигне до девет степени.

Во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните и вечерните часови ќе има локални врнежи претежно од снег, но со слаб интензитет.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски