Колумбиецот Хамес Родригез ќе мора да оди на операција поради скршена коска на стапало и поради тоа ќе паузира од терените најмалку два месеци, соопшти денеска неговиот клуб Реал Мадрид.
Родригез беше повреден синоќа во победата на Реал против Севиља со 2:1, а тој го постигна водечкиот гол за „Кралевите“.
-Утврдена е скршеница на коската на петата од десното стапало по што следува операција за нашиот фудбалер, соопштуваат од реал.
Освен Родригез, синоќа с еповреди и Серхио Рамоз. Тој има проблеми со бутниот мускул, а должината не неговото отсуство дополнително ќе биде позната по деталните лекарски прегледи.
Реал во сабота го очекува градското дерби со Атлетико Мадрид.