Фудбалерите на Пари Сен Жермен се пласираа во финалето на Лига купот на Франција, откако синоќа на гостински терен го победија Лил со 1:0.
Победничкиот гол за парижаните го постигна Бразилецот Максвел во 27.минута.
Вториот финалист во ова натпреварување ќе биде познат вечерва по одигрувањето на натпреварот Монако – Бастија (почеток 21 часот).
Финалето е закажано за 11 април на „Сен Деби“ во Париз.