Две жени од Полска родиле бебиња кои биолошки не се нивни заради грешка на Лабораторијата на асистирано породувања во рамки на Померанискиот медицински универзитет во Шќехин, но Обвинителството одби да спроведе истрага, затоа што нема соодветен параграф во полскиот закон.
Жената, која долго време се лекувала и се обидувала да забремени, по грешка на лабораторијата добила јајце клетка која била оплодена од спермата на нејзиниот маж, но не сопствената, туку на некоја друга пациентка од клиниката и во август во Шќечин роди девојче, болно, со повеќе генетски заболувања.
Бебето е пренесено на лекување во Варшава каде лекарите извршиле детални анализи и прегледи и утврдиле дека иако таткото е биолошки, жената од Полска не е негова биолошка мајка.
Полската телевизија ТВП.инфо, вчера соопшти дека според неофицијални извори, тоа не е единствен случај и дека „погрешно“ бебе родила уште една пациенкта од клиниката.
Обвинителството во Шќечин одби да покрене истрага за аферата со образложение дека во полските закони нема соодветен параграф, но клиниката сепак е казнета.
– Клиниката ја изгуби можноста да учествува во државната програма за асистирано оплодување и беше казнета со највисока финансиска казна, десет отсто од вредноста на договорот кој во овој случај е 76.000 злоти (околу 19.000 евра), изјави на прес-конференцијата по повод аферата, полскиот министер за здравство, Бартош Арлукович.
Министерот повторно го пријави случајот на Обвинителството и побара да се спроведе истрага врз основа на параграфот за погрешното лекување.
Полска почна да дава дотации за вештачко оплодување во рамките на новата државна програма во средината на 2013 година и во првата година опфати лекување на десет илјади неплодни двојки, од што за тој период потврдени се повеќе од 1.600 бремености.