Министерствата за образование и наука и за труд и социјална политика и Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) по неколкудневни интензивни преговори, постигнаа взаемно прифатлива спогодба по однос на сите отворени прашања.
– Врз основа на взаемно прифатената спогодба, Одлуката за генерален штрајк на СОНК се става вон сила. Истовремено, продолжуваат интензивните преговори во рамки на социјалниот дијалог, соопшти Министерството за образование и наука.
Министертсвото ги известува родителите и учениците, дека наставата од утре ќе продолжи нормално да се реализира во сите училишта.
Во рамки на социјалниот дијалог, Министерств ото за труд и социјална политика информира дека е постигната заеднички прифатлива спогодба во делот на јавните установи за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст.
Претседателот на СОНК, Јаким Неделков не се јавува на телефон, а членови на синдикатот потврдуваат дека вечерва им се јавуваат да ги информираат дека е откажан штрајкот. Неофицијално Неделков договорил укинување на казните за екстерното тестирање, а колективниот договор да почне да се применува од април.